7 хит парчиња за зима: Привлечно, удобно и топло, најлесно за комбинирање!
Со нив ќе бидете
кралица на зимскиот стил
Да се биде во тренд не мора да значи жртвување на удобноста и топлината. За зимата 2021/2022 година, модните експерти најдоа начин да се истакнете во најтоплите и најудобните парчиња со вашиот стил!
Ова се седум зимски трендови кои според модните експерти ќе ја одбележат зимата и со нив не можете да погрешите!
1. Палта / јакни со дезен
Дизајните се толку добредојдени оваа зима, особено ако се дел од клучните парчиња облека како палта и јакни. Една таква облека во плакарот е доволна за секогаш при рака да имате парче во кое нема да останете незабележани.
2. Макси плетени парчиња
Не е чудно што плетеното ќе биде популарно во зимските месеци. Всушност, се друго би било чудно. Оваа зима особено ќе бидат популарни макси плетените парчиња кои ќе го заштитат речиси секој дел од вашето тело од студот.
3. Секое парче во зелено
Бојата која ја одбележа есента ќе продолжи да доминира во зимските модни комбинации. Нема да зажалите ако купите некое парче во некоја од нијансите на зелената боја.
4. Впечатливи „пуф“ јакни
„Пуф“ јакните и оваа година ќе бидат многу популарни, а доколку сакате да бидете во тренд, ќе изберете модели кои се впечатливи или поради бојата или поради дезенот.
5. Интересни одела
Многумина се вратија на своите работни места во последните месеци, а по повеќе од една година помината во домашна работна атмосфера, убаво е повторно да се облече нешто поразлично од тренерка.
Костимите се одличен избор не само за враќање на работа, туку и за секоја пригода која од вас ќе бара повеќе од хеланки, тренерки или фармерки. Доколку сакате да бидете во тренд, но и да имате што да носите со години, добар костим е одлична инвестиција.
6. Било кое парче во бежова боја
Ако впечатливите, смелите бои не ви се нешто и претпочитате поедноставни нијанси, размислете за бежовата. Белите и кремасти парчиња облека заменете ги со парчиња во беж нијанси.
7. Карирани здолништа
Карираните здолништа се уште едно парче кое ќе ја одбележи есента. Комбинирајте ги со кардигани, јакни, ролки... Речиси и да нема погрешен избор.
Фото: Инстаграм
Фото насловна: Инстаграм/ kinglouiefashion
Во нив нозете изгледаат повитки и подолги: Ова е единствениот модел на чизми што ќе ви требаат оваа зима!