70 пати позаразувачки: Каков е новиот вид на коронавирус кој се шири во Велика Британија и Европа

Добивај вести на Viber

Денес премиерот Заев најави нови мерки - 2 недели карантин за сите кои ќе допатуваат од Британија и забрана за летови од и до таму

Новиот вид на коронавирус, кој се појави во југоисточна Велика Британија, е регистриран и во Данска, Холандија и Австралија, објави техничкиот директор на Светската здравствена организација, Марија ван Керхове.

- Нов вид корона се појави во Данска, Холандија и имаше еден случај во Австралија, но таму не се прошири понатаму - изјави Ван Керхове за Би-Би-Си, а пренесе Си-Ен-Ен

На прашањето да одговори дали новиот вид доаѓа од југо-исток на Велика Британија, таа одговори потврдно:

- Да. Според информациите што Британија ги споделува со нас, новиот вид потекнува или од југоистокот на Англија или од Лондон.

Таа додаде дека Велика Британија утврди постоење на нов вид на вирус „уште во септември, кој сè уште циркулираше на југоистокот на Англија“.

- Загрижени сме за ширењето на вирусот и фактот дека има многу мутации. Свесни сме дека новиот вид не предизвикува потешки случаи според прелиминарните резултати, сепак, студиите се во тек и ќе ги видиме резултатите - рече таа.

Ван Керхове рече дека понатамошното секвенционирање ќе биде корисно за да откриеме дали овој вид кружи на друго место во светот.

- Колку подолго се шири овој вид, толку е поголема можноста тој да се промени. Ние навистина мора да сториме сè за да го спречиме - заклучи претставникот на СЗО.

Претходно, премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, изјави дека новиот вид на коронавирус е за 70% позаразувачки од претходните видови мутации.

извор:alo.rs