Нови мерки: 2 недели карантин за сите кои ќе допатуваат од Британија и забрана за летови од и до таму
Откако се појави новата мутација на коронавирус во Велика Британија кој забрзано се шири помеѓу луѓето, неколку држави вчера забранија директни летови кон оваа островска земја. Утрово, Комисијата за заразни болести поднесе нов предлог мерки за заштита од коронавирус, за кои на својот фејсбук профил Премиерот Заев сподели информација дека, на денешниот главен кризен КОВИД-19 штаб е донесена одлука за забрана за сите летови од Велика Британија во Северна Македонија. Дополнително, се воведува и задолжителна 14-дневна самоизолација за сите патници што по воздушен или копнен пат, директно или индиректно пристигнуваат од Велика Британија во Северна Македонија.
Засега, Комисијата не ја разгледува опцијата за предложување на дополнителна мерка, како задолжителен ПЦР тест за влез во нашата земја, односно рестриктивна мерка за влез или излез од земјава.