8 Фенг Шуи совети за подобар сон
Квалитетниот сон е секогаш на прво место кога станува збор за нашето здравје. Покрај здравата исхрана и умереното вежбање, има неколку мали Фенг Шуи промени кои ќе ви помогнат да дојдете до подобар сон.
1. Изберете поголем кревет
Доколку сте сами или пак спиете со вашиот партнер потребно е да изберете поголем кревет. Големиот кревет овозможува полесно да циркулира Чи со што ви овозможува мирен сон во ноќта. Избегнувајте две креветчиња споени секогаш изберете голем кревет, бидејќи две кутии споени едена до друга не дозволува да циркулира енергијата со што може да доведе и до лоша хармонија.
2.Изберете точна позиција за креветот
Тоа значи да го изберете вистинскиот простор за поставување на креветот во вашата соба. Секогаш внимавајте кога ќе го поставите креветот да има еднаков простор од двете страни на креветот. Исто така нешто кое секогаш треба да внимавате е да не биде креветот точно под прозорот или веднаш наспроти вратата. Секогаш внимавајте прозорот и вратата да ви бидат на видно поле од вашиот агол на спиење.
3. Изберете кревет со штица позади главата
Според Фенг Шуи најдобар избор би била дрвена цврста штица без дупки во неа. Оваа штица го зацврстува вашиот кревет и на некој начин ве поврзува со вашиот партнер. Исто така оваа штица ќе ви овозможи да додадете уште две големи перници зад оние кои спиете, со што ќе го зголемите комфорот.
4. Декорирајте со релаксирачки бои
Земјените тонови како што се сината, зелената и кафената се најдобри бои за вашата спална соба. Гледајќи ги овие бои вие се релаксирате со што вашиот крвен притисок опаѓа, а тоа ви овозможува побрзо да заспиете.
5. Исфрлете ја електрониката од вашата соба
Електрониката како што се телевизорите, лап топот и смартфоните секогаш ни го одложува спиењето, но многу често предизвикуваат и несоници. Затоа е пожелно да ја исфрлите електрониката од вашата спална соба. Доколку вашиот смартфон го користите како будилник наутро пожелно е да го ставите на поголема далечина од вашиот кревет.
6. Купете поквалитетна постелина
Бидејќи од 6 до 8 часа ги поминувате во кревет потребно е вашата постела да ви пружа удобност. Па затоа не штедете кога станува збор за вашиот добар сон. Изберете памучни чаршафи и гледајте секогаш кебињата или прекривките кои ги користите да бидат меки бидејќи полесно се заспива во мека постела. Избегнувајте го ставањето на премногу перници на креветот, тоа прави да го чувствувате креветот пренатрупан.
7. Не ставајте работи под креветот
Секогаш одржувајте го чисто местото под вашиот кревет. Избегнувајте да ги натрупувате кутииите доколку ги има под вашиот кревет. Во краен случај можете да ги користите за меки чаршафи и перници, сѐ останато ја блокира енергијата, со што отежнато циркулира во овој простор.
8. Внимавајте со огледалатa
Најпрепорачливо е да се избегнува поставувањето на огледала во спалната соба, но доколку имате потреба од него секогаш внимавајте да не е свртено кон креветот. Тоа создава лоша енергија за вас или со вашиот партнер. Можете да го поставеите на страна од креветот и секогаш доколку имате можност изберет тркалезно или овално огледало тоа создава убав тек на Чи во просторот.
За Женски Магазин, Ана Јордановска