Ѝ помогна по пожарот во куќата на родителите: Весна Бејби во шок по смртта на Беличанец
Актерката Весна Бејби е во шок откако слушна за смртта на својата колешка и пријателка Билјана Беличанец, која сношти се самоуби во својот стан во Скопје.
Весна Бејби, за Женски магазин изјави дека за трагичната смрт на Беличанец слушнала утрово и сѐ уште не може да верува. Во неколку наврати, Петрушевска има спомнато дека Беличанец како тогашен градоначалник на Општина Кисела вода, многу му помогнала на нејзиното семејство, по пожарот кој ја зафати куќата на родителите на Весна, во октомври во 2013 година.
„Кревка, навидум тивка, а многу бунтовна. Суптилна и грижлива. Духовита и прецизна. Голема загуба, некои нешта секогаш ги носиме длабоко во себе и ги негуваме тајните.Мирно небо Бибс, ќе ми недостасува твоето говорење на сцена...Штета!“, ни изјави Весна за својата колешка. (М.Џ.)