A1 Drive-in Cinema во бројки: Како помина роденденското авто-кино на А1 Македонија?
„Прекрасна атмосфера“; „Уникатна идеја и
концепт“; „Супер доживување“; „Одличен роденденски подарок“; „Вакво нешто ретко
се случува во градот“ - велеа посетителите кога ги прашавме што мислат и како
си поминале на A1 Drive-in киното кое компанијата А1
Македонија го организираше минатата недела по повод својот прв роденден од
одбележувањето на новиот А1 бренд.
И навистина, овој настан понуди уникатно доживување за публиката, која на несекојдневен, но и безбеден начин имаше можност да ужива во бесплатните проекции од 7-дневната филмска програма која ја подготви А1 Македонија.
Но, што велат бројките? Од компанијата изјавија дека интересот на посетителите беше навистина голем и за сите проекции се бараше место повеќе бидејќи сите влезници беа резервирани практично првиот ден.
7 дена, 7 прикажани филмови или 802 минути прикажана одлична филмска содржина.
Капацитетот на паркингот на А1 Арената (СЦ Борис Трајковски) беше 700 паркинг места, а пак повеќе од 1200 посетители го посетија настанот и уживаа во филмскиот репертоар од повеќе жанрови и 7 говорни подрачја, почнувајќи од англиски, преку француски, италијански, германски, дански, па сè до руски и корејски.
За реализацијата на овој настан беа ангажирани повеќе од 27 лица кои заедно со љубителите на филмот, се дружеа вкупно 35 часа на отворено и безбедно, почитувајќи ги протоколите за заштита и превенција од КОВИД-19.
Како и да е, А1 Drive-in Cinema несомнено ќе остане запаметен како уникатен настан со несекојдневен концепт кој ретко може да се искуси, особено во оваа по многу нешта специфична 2020 година која нèпредизвикаситедаизлеземеодзонатанаконвенционалниотначиннаживеењеинаразмислување и повеќе да се вратиме на традиционалното и некои подзаборавени форми на дружење.
На А1 Македонија посакуваме среќен прв роденден, со желба за уште многу вакви интересни случувања!
Комерцијален текст