А1 Live Shop - премиум искуство од удобноста на вашиот дом

“Новото нормално” ја забрзува дигитализацијата во сите сегменти па така компаниите повеќе од кога било храбро ги прават своите иновативни чекори се со цел што повеќе да го олеснат и поедностават активностите на нивните корисници.

Веќе неколку месеци јавноста ја има можноста да пристапи на А1 Live Shop - виртуелната продавница на А1 Македонија и со помош на разговор со А1 агент во живо, да добие детални информации за услугите на А1, како и во било кој продажен салон, без разлика каде и да се. 

А1 Live Shop виртуелната продавница нуди уникатно искуство за купување преку интернет за секого, особено за оние кои не се во можност да ја напуштат удобноста на својот дом или да се оддалечат од обврските на своето работно место, а особено во овие денови на вонредни услови и со тоа да го заштитат своето здравје и здравјето на сите останати.

Виртуелната продавница им овозможува на корисниците да разговараат директно со продажен агент на А1 во живо преку видео стриминг и одблизу да го погледнат посакуваниот уред, да добијат одговори на дополнителните прашања во врска со уредот или услугата за која се заинтересирани и да купуваат преку интернет.

За да биде купувањето побрзо и поедноставно за посeтителите, посветениот тим од продажни агенти на А1 обезбедува персонализиран пристап кон целоиот процес на онлајн купување.

Поврзувањето со А1 експерт во живо преку виртуелната продавница може да се направи со едноставно кликање на иконката со А1 експерт што ќе се појави на нашата веб-страница www.a1.mk по што корисникот треба да го внесе својот телефонски број и првиот слободен А1 експертот ќе се јави во најкраток можен рок. Корисникот може да го види експертот на екранот, да започне итеракцијата, пришто  приватноста на корисникот е целосно зачувана бидејќи нашиот експерт не може да го види корисникот.

Агентот за продажба гарантира дека е во согласност со телeфонскиот разговор, а со вклучување на мобилната камера на телефонот корисникот добива подетален поглед на уредот од сите агли. 

За повеќе информации пристапете на www.a1.mk/liveshop.


*ПР објава