А1 Македонија: Има проблем со сервисите на Google, за дел од услугите нема пристап

Добивај вести на Viber

А1 Македонија соопшти дека поради проблем со сервисите на Google корисниците од Европските земји не можеа да пристапат на дел од услугите од оваа платформа.

Достапноста и до други сајтови кои користат Google сервиси за рекламирање исто така се отвораат со намалена брзина.

За А1 корисниците, во моментов е заобиколен локалниот проблем преку серверите од Европа кои во моментов не се афектирани од генералниот проблем.

Од А1 Македонија информираат дека го следат развојот на ново настанатата состојба и ги преземаат сите потребни активности со цел на своите корисници да им понудат квалитетен сервис.