А1 Македонија со едукативен настан по повод Светскиот ден на телекомуникациите
А1 Македонија го одбележува 17 Мај, Светскиот ден на телекомуникациите, кој оваа година Меѓународната телекомуникациска заедница го одбележува под мотото “Дигитални технологии и здраво стареење на возрасните лица”.
Придружувајќи се кон овој светски тренд, А1 Македонија ги отвори вратите за возрасните лица и ги стави на располагање своите волонтери-експерти кои на едноставен начин ги внесоа во дигиталниот свет, потенцирајќи ја важноста од дигиталната трансформација и користењето на дигиталните алатки кои овозможуваат нивна меѓусебна поврзаност и независност олеснувајќи го нивното секојдневие.
“Како општествено-одговорна компанија но и како компанија двигател на дигитализацијата во земјава, наша одговорност е да ги едуцираме не само младите туку и повозрасните како безбедно да ја користат светската мрежа и како од истата да исползуваат придобивки во секојдневието” – изјави Елена Димовска, Раководителка на одделот за корпоративни комуникации во А1 Македонија.
“Навистина ни е драго што нашите членови беа дел од овој настан. Добија многу корисни совети кои ќе им помогнат во нивното интернет секојдневие, како да бидат информирани, како да комуницираат со своите најблиски но и како безбедно да користат онлајн услуги, притоа внимавајќи на своите лични податоци. Благодарност до А1 Македонија која покажува дека не заборава на возрасните и секогаш знае што е во моментот актуелно и што нам ни е потребно”, - изјави Претседателката на Сојузот на пензионери на Македонија, г-ѓа Станка Трајкова.
Под мотото “За подобар свет” во рамки на програмата ESG (environmental, social and corporate governance), А1 Македонија целосно е посветена кон развој и реализација на општествено-одговорни проекти во областа на животната средина, дигиталната писменост и корпоративно управување.
ПР објава