Абдоминални крварења, хематоми-нови манифестации на Ковид-19: Ковакс проценува-Македонија е под прагот на итност за испорака на вакцините
Ова е период на третиот бран на Ковид-19, а како што пред неколку месеци прогнозираше и Светската здравствена организација, навистина станува збор за период кој ќе биде исклучително тежок во насока на справувањето со болеста, особено поради постојаното зголемување на бројот на новодијагностицирани со вирусот и следствено на тоа, зголемениот број хоспитализации. Тоа што е карактеристично во овој трет бран на Ковид-19 е тоа што сега вирусот за разлика од изминатиот период пројавува и нови клинички манифестации, како што се абдоминалните крварења кои не се случуваа претходно кај пациентите. Во разговор за Фактор, д-р. Даниела Буклиоска Илиевска, пулмолог во ГОБ „8 Септември“ потенцира дека клиничкиот спектар на Ковид 19 е широк, почнувајќи од продромални симптоми како треска, слабост, мијалгии, артралгии, респираторни тегоби, но важен аспект се и екстрабелодробните манифестации како гастроинтестиналните, кардиоваскуларните, бубрежните, невролошките.
-Клиничка манифестација која во последно време почесто ја забележуваме меѓу пациентите кои се хоспитализирани на одделение за интензивна нега со исклучителна тешка клиничка слика, споредено со ланските пролетни, летни и есенски месеци се токму абдоминалните крварења. Дијагностицираните пациенти беа на терапија со нискомолекуларен сепарин во терапевтски дози, уредна и редовно контролирана хемостаза и тромбоцити, но кај нив се манифестираше абдоминална болка, со тврдина и болност при палпација и поради самата клиничка состојба на земена лабораторија се детектираше и редукција во крвната слика, со пад на еритроцити, хемоглобин и потреба од трансфузија на крвни деривати.
Детали читајте на Фактор тука.