Аби не знаела дека е заразена со корона, ја дочекало шокантно откритие: Немаат сите исти симптоми
За корона вирусот вообичаени се симптоми како што се губење на чувството за мирис, кашлање, треска и болки во мускулите .
Сепак, една жена била изненадена од симптомот што и покажал дека е заразена.
Имено, Аби Рид била заразена со корона минатиот март, кога нејзините ќерки добиле позитивен тест. Бидејќи не чувствувала никакви симптоми, решила да не се тестира. Сепак, две недели подоцна, една од нејзините ќерки забележала големо ќелаво место на задниот дел од главата на нејзината мајка.Било големо колку дланка, а за Аби тоа било поразителен наод.
- Косата ми паѓаше. Беше ужасно и многу, многу вознемирувачко. Ретко се дискутира за тоа, но се чувствував непривлечно и засрамено. Имам долга коса што повеќе не можев да ја носам. Морав да ја обликувам за да ги покријам ќелавите точки - рекла оваа жена.
Devon woman speaks of trauma at losing her hair to coronavirus https://t.co/jvyx0WkTQd
— Herald Express (@TQHeraldExpress) February 23, 2021
Таа воопшто не била свесна дека опаѓањето на косата е уште еден симптом на корона, па започнала да истражува и открила дека дури 22 проценти од жените ја доживуваат истата ситуација како неа после инфекцијата. Откако побарала медицинска помош, добила локални кортикостероиди, маст која што се мачка таму каде што се случило опаѓањето на косата. Само по шест месеци нејзината коса повторно започнала да расте.
- Јас не сум експерт, но моето истражување сугерира дека коронавирусот е како автоимуна болест затоа што може да го нападне целото тело. Јас конкретно, го натерав моето тело да помисли како ме напаѓаат фоликулите на косата и ги затворив со цел да го спречам нивниот раст - објаснила Аби.
Извор: devonlive.com
Фото: Аби Рид-официјален Фејсбук профил