Адел излезе на сцена со голем пиштол и ѝ се закани на публиката: Пробајте да ме гаѓате, ќе ве убијам

Во последниот месец неколку светски изведувачи доживеаја непријатности на концерти. Но, една светска ѕвезда веднаш на почетокот на концертот ѝ се закани на публиката да не размислува да биде мета.

Музичката мегаѕвезда Адел веќе неколку месеци одржува концерти во Лас Вегас. Освен што ги изведува своите големи хитови, пејачката често разговара со публиката која понекогаш ги споделува и своите животни приказни.

Повеќекратната добитничка на Греми, по повредата што ја доби Бебе Реџа на настапот поради телефонот кој ја удри во пределот на очите и бизарниот чин на концертот на Пинк, на сцената излезе со голем „пиштол“.

„Дали забележавте како луѓето заборавија како да се однесуваат на концертите? Луѓето фрлаат работи на сцената на изведувачите“, рече Адел и се насмеа.


Пејачката потоа испука бела маичка кон публиката од голем пластичен пиштол и ја насмеа публиката во Лас Вегас.

Последниве недели на Твитер се води дебата поради напаѓањето на пејачите, а никому не му е јасно зошто публиката првенствено доаѓа на концерти ако не сака добро да се забавува, туку да им прави проблеми на другите и на самите себе.

Извор: zena.blic.rs