Акетрката од „Очајни домаќинки“ страда од смртоносна болест: Додека цел свет ѝ се восхитуваше, таа помина низ хорор
Фото: Youtube/screenshoot
Ја гледавме актерката Марша Крос (59) во „Merlose Place“ и
„Desperate Housewives“
Со улогата во серијата „Очајни домаќинки“ дефинитивно се прослави и за кратко време стана омилена актерка на многумина. Додека светот и се воодушевуваше, таа минуваше низ страшни периоди во нејзиниот живот, но никогаш не ја извади насмевката од лицето.
Се омажи за Том Махони и со помош на вештачко оплодување доби ќерки на 45-годишна возраст.
Пред тоа, таа беше осум години во врска, која заврши со трагичен крај. Имено, Марша беше во врска со 25-години постариот Ричард Џордан, кој почина во 1993 година. Тој имаше тумор на мозокот, а на актерката и беше тешко со оваа трагедија.
Марша пред две години откри дека и самата се бори со рак на аналниот канал. Кога болеста ја надмина, таа зборуваше без влакна на јазикот за тоа:
- Знам дека има луѓе кои се срамат. Но, од што? Па, имате рак! Не направивте ништо лошо само затоа што го добивте во анусот. Мислам, навистина, имаш поголеми проблеми од срамот - рече Марша, која по дијагнозата ја чекаа болни денови - две недели хемотерапија и шест недели зрачење.
На нејзиниот сегашен сопруг му беше дијагностициран рак на грлото во 2009 година, а актерката изјави дека повеќе го цени животот бидејќи и двајцата се бореле против оваа болест. Лекарот и рекол дека ракот на Марша и нејзиниот сопруг веројатно се поврзани.
Денес, Марша има за цел да ги охрабри луѓето да бидат едуцирани за оваа болест.
- Анус, анус, анус! Треба само да се навикнеш на фактот дека ракот ти е токму таму - рече Марша. За неа беше важно да го прифати тоа место на нејзиното тело за нејзините прегледи да станат што е можно понормални и да не и биде непријатно да го прашува лекарот за сè што е заинтересирана.
- Се чувствувам нормално, иако тоа е малку поинаков вид нормалност на која бев навикната пред ракот. Никогаш повеќе нема да го земам своето тело здраво за готово и благодарна сум му за сè за што е способно.
Актерката со години се бореше да остане бремена, а отворено зборуваше за тоа неколку пати.
- Сакам да им кажам на сите жени кои се наоѓаат во оваа ситуација никогаш да не се откажуваат од својата борба, бидејќи навистина се случуваат чуда - рече актерката која денес е мајка на две деца.
Можеби ќе ве интересира:
(ФОТО) Никогаш не би ја препознале буцкастата Хуанита од Очајни домаќинки: Сега е фатална црвено коса убавица