„Ако беше откриена болеста на време, Петар ќе беше здраво дете“: Гордана за голготата со која се бори за животот на своето дете

Добивај вести на Viber

„Ако беше откриена болеста на време, Петар сега ќе беше целосно здрав и не ќе мораше да иде на вакви тешки операции- вели Гордана од Охрид која е мајка на 23 годишниот Петар.

Петар уште на 3 месеци се соочува со голгота, и талкања низ болничките ходници и клиники, како кај нас така и во странство.

„Од 3 месеци почнаа да се појавуваат првите симптоми на церебрална парализа. Од тогаш талкаме по болници како кај нас така и во странство . На клиника не знаеја за која болест се работи како што ви кажав мислеа церебрална парализа. Кога Петар имаше една годинка јас го однесов во Дизелдорф, Германија и таму останав еден месец. Му правеа секакви испитувања и ни кажаа дека не можат да откријат која е болеста. Се вративме дома, а нашето страдање продолжи, и продолжува се до 12 години кога случајно видов дете на Интернет со исти симптоми и бев сигурна дека тоа е болеста на мојот син . Со помош на проф. Велибор Тасик од детска клиника испративме материјал во Германија во Хеиделберг кај проф Ненад Блау и од таму ја добивме дијагнозата Tyrosine hydroxylase (TH) deficiency  една од најретките болести во светот. Но, веќе беше многу доцна, а последиците од болеста беа големи- ни кажа во изјавата мајката која бара помош за Петар да го стане на нозе, да биде здрав и среќен.

Гордана вели дека ако болеста била откриена на време, Петар сега ќе беше целосно здрав и не ќе мораше да иде на вакви тешки операции. 

„Пред една година благодарение на Господ и хуманите луѓе Петар издржа две многу тешки операции, но сега мораме да одиме уште на две операции на зглобовите поради големи болки и деформитет. Петар не може да застане на нозе, и да продолжи да вежба и да оздраве. 

Во Германија професорите ни кажаа покарај лекот треба многу физикална и роботска терапија за да му се обноват оштетените клетки и да може да живее среќен и квалитетен живот. Мојата приказна ако ја опишувам детално ќе нема место да ја докажам“ - додава Гордана, апелирајќи до хуманите луѓе да ја разберат нејзината мајчинска борба и љубов кон своето дете, и да помогнат, да донираат или да споделат Петар да застане на нозе, да биде здрав, и среќен-ни рече Гордана.

Доколку сакате да донирате и да му помогнете на Петар, тоа може да го направите преку сметка и донации:

Број на Трансакциска сметка 270-7000821760.21 Гордана Попоска HALKBANK IBAN:MK07270700082176215 SWIFT:EXPCMK22 

Броеви за донации: 

А1 / 143- 470

T-моб / 143-173



Ирена Ставрова