Ако Џил стане прва дама: Сопругата на Бајден може да стори нешто што не го направија ни Мишел Обама ни Меланија

Добивај вести на Viber

Џо Бајден е се поблизу до вратата на Белата куќа, а медиумите ширум светот пишуваат за него и неговото семејство. Доколку Бајден стане претседател на САД, Соединетите Американски држави ќе добијат нова прва дама - 69-годишната Џил Бајден, која е во брак со него повеќе од 40 години.

Џил Бајден е универзитетски професор на колеџот во Северна Вирџинија, има две магистерски и докторски дипломи и предава на гореспоменатиот универзитет на Катедрата за англиски јазик и литература.

Медиумите пишуваат дека Џил би можела да направи преседан и да стане првата прва дама на САД што ќе ја задржи работата а не само да се посвети на улогата на сопруга на претседателот.


Се наведува дека овој избор на Џил Бајден е можен затоа што таа веќе беше втора дама на САД во времето кога нејзиниот сопруг беше потпретседател. Тогаш таа стана првата жена со таква позиција што ја задржа својата примарна работа. Според медиумите, покрај нејзината кариера на универзитетот, Џил е иницијатор и претседател на повеќе организации кои се занимаваат со помагање и едукација на жени и деца.

Познато е дека американските први дами сами одлучуваат што ќе прават за време на мандатот на нивниот сопруг, но најчесто тие ја ставаат својата кариера во втор план. На пример, Меланија се занимаваше претежно со деца и спречување на насилство преку Интернет, додека Мишел Обама се фокусираше на проблемите на семејствата на војниците и работниците.

„Повеќето американски жени работат и се грижат за семејството, но на првите дами никогаш не им беше дозволено да го сторат тоа“, вели Кетрин Џелисон, професор по право на Универзитетот во Охајо.

Евентуалната одлука на Џил Бајден (ако стане прва дама) да ја задржи својата кариера на прво место може да ужаси многу традиционални Американци кои со децении се навикнати да бидат - прва дама.


Фото: EPA

Можеби ќе ве интересира:

Меланија или Џил: Која ќе биде прва дама на САД?