Меланија или Џил: Која ќе биде прва дама на САД?

Добивај вести на Viber

Актуелната американска прва дама Меланија Трамп е критикувана за сè - од изговорени зборови до стил на облекување. Понекогаш таа дури и не изгледа фасцинирана од животот во Белата куќа. Но, 50-годишната Словенка, првата американска прва дама родена во странство по двесте години, може да го продолжи својот престој во источното крило на Белата куќа за уште четири години.

Меланија Трамп, третата сопруга на Доналд, е поранешна манекенка и дискретен извор на поддршка за американскиот лидер, главно зад камерите. Во книгата објавена минатата година, репортерката на Си-Ен-Ен Кејт Бенет напиша дека првата дама е „многу помоќна и има поголемо влијание врз нејзиниот сопруг“ отколку што знае јавноста. 

Гламурозен живот

Животот на Меланија пред Доналд е полн со експлицитни фотографии, а и беше енигма барем во политичка смисла. Но, кога таа намерно се стави во центарот на вниманието, следуваа критики.

Нејзината кампања против злоупотреба „Биди најдобра“ не беше добро прифатена, многумина вперија прсти кон нецивилизираните твитови на нејзиниот сопруг. Нејзините модни избори предизвикаа и многу коментари.

Доналд Трамп се пресели во Белата куќа во јануари 2017-та година, но Меланија и неговиот син Барон му се придружија во јуни, кога заврши учебната година на 11-годишното момче.

- Со нетрпение ги очекувам спомените што ќе ги создадеме во нашиот нов дом!- напиша тогаш Меланија на Твитер.

Во јуни 2018-та година, таа отиде на границата САД-Мексико за да ги види децата мигранти. Носеше јакна на која пишуваше „Навистина не ми е гајле, нели?“

Дали ги критикуваше нејзиниот сопруг, медиумите, неговата ќерка Иванка? Или, само носеше јакна што ѝ се допаѓаше? Ништо од тоа не беше важно, а негативните наслови само доаѓаа. 

Можност за модерна прва дама

Џил Бајден е добро запознена со светлата на политичката сцена и ако нејзиниот сопруг победи во трката за Белата куќа, поранешната втора американска дама ќе има можност да ја модернизира својата улога како прва дама за 21-ви век со задржување на работното место како професорка.

„Повеќето американски жени го балансираат деловниот и приватниот живот, но на првите дами никогаш не им беше дозволено да го сторат тоа“, рече Кетрин Џелисон, професорка по историја на Универзитетот во Охајо.

„Сепак, можеби дојде време  Американците да се чувствуваат пријатно со прва дама која не е достапна 24 часа на ден во Белата куќа.“

Доколку Бајден го победи републиканецот Доналд Трамп, неговата сопруга се очекува да биде првата дама што ќе работи во образованието и повторно да ги започне Здружените сили, воена мисија за семејно обединување што таа и Мишел Обама ја иницираа во 2011-тата година.

Бајден е исто така професорка, мајка, баба и жена карпа што го турка Бајден напред по трагедијата што го погоди пред скоро пет децении. Незамисливо е тоа што му се случи на Бајден во 1972-ра година - неговата сопруга и ќерка загинаа во сообраќајна несреќа. Тој остана сам со два сина кои беа повредени.

Џил Џејобс е родена во 1951-ва година и пораснала во предградието на Филаделфија. Нејзиниот татко од службеник станал управител во банка, а нејзината мајка била домаќинка.

Џил се разведе од првиот сопруг кога го запозна Бајден, вдовец, кој секојдневно патувал од Делавер, каде работел како американски сенатор. Двојката се венчаше во 1977-ма година, а Џил стана мајка на неговите синови Хантер и Бо. Тиа ја имаат и ќерката Ешли, родена 1981-ва година.

Додека создаваше семејство, Бајден заработи две магистерски студии. Таа исто така има докторат по образование и сега предава во Вирџинија.

Двојката оттогаш ги помина неговите две неуспешни претседателски кандидатури, осум години за потпретседател и смртта на неговиот син Бо по битката со ракот.

Бајден стана втора дама во 2009-та година, кога нејзиниот сопруг стана потпретседател за време на мандатот на Барак Обама.

*Како првите дами на Македонија нè претставија стилски пред светот: Тие не сакаа да бидат во фокусот