Иако ја критикуваа, јакната која ја носеше Меланија Трамп е најбарано парче сезонава (фото)

Добивај вести на Viber

Меланија Трамп беше на удар на јавноста откако се појави во јакна од Зара, која чини 39 долари, а на која стои натписот „Мене не ми е гајле а тебе?“.

Првата дама на САД го одбра овој модел за посета на децата мигранти во Тексас, па иако медиумите ја критикуваа јакната, ова парче е едно од најбараните сезонава. Откако нејзиниот сопруг стана претседател на САД, стилот на Меланија е постојано во фокусот на медиумите, па иако многумина се обидоа да ја критикуваат, сепак тоа не го менува фактот дека на модниот бренд му направи добра реклама. 

Кога беше актуелен целиот скандал околу јакната, нејзината портпаролка имаше истакнато дека не се работи за скриена порака во изборот на облека, додека пак, Доналд Трамп, истакна дека таа порака е наменета за сите медиуми кои објавуваат лажни вести. 

Инаку, првата дама на САД беше забележана како го напушта Вашингтон со оваа јакна, но не не ја носеше кога пристигна во прифатилиштето во Тексас, каде се сместени децата мигранти. Посетата следеше откако нејзиниот сопруг издаде наредба дека семејствата кои легално ја поминале јужната граница на САД, имаат право да останат заедно, се додека се чека исходот од постапката за нивен престој во земјата.