Ако Господ не нè научил да живееме заедно, самите ќе мораме: Богат концерт на Бреговиќ во Скопје
Трите писма кои Горан Бреговиќ ни ги донесе од Сараево на концертот сношти во Скопје потсетуваат на среќа. Генијалниот музичар, откако заврши со „Бијело Дугме“, стана светски познат филмски композитор, стапна на најпознатите светски концертни сцени со неговиот главно дувачки Оркестар за свадби и погреби, се сети да напише и да аранжира виолински албум.
И тоа за три виолини, за трите начини како што овој инструмент се свири: класичен- христијански, ориентален- муслимански и клезмер-еврејски. Албумот „Три писма из Сарајева“, Брега го изведе премиерно во Скопје со својот Оркестар и со оркестарот на Македонската филхармонија и тројца фантастични солисти. Звучеше свечено, богато, и весело и носталгично истовремено. Има силна приказна која Бреговиќ го инспирирала низ музиката да ја раскаже приказната за „трите писма“.
„Еден стар Евреин секој ден, цели 60 години се молел пред Ѕидот на плачот во Ерусалим. Кога новинарка од Си-Ен-Ен отишла да направи репортажа за него, го прашала за што се моли. “Се молам, и му кажувам на Господ дека треба да биде мир помеѓу муслиманите, христијаните и евреите. Но, имам чувство како да му зборувам на ѕид“, рекол човекот. Затоа, ако Господ не нè научил да живееме заедно, самите ќе мораме“, рече Бреговиќ пред скопската публика.
Актеркта Силвија Стојановска и некогашниот манекен Мио Ристиќ
Концертот го збогатија одличноте солисти на виолина, секој свирејќи го „своето писмо“: Зиед Зоуари од Тунис, Гершон Леизерсон од Израел и Мирјана Нешковиќ од Белград. На крајот, трите виолини се споија во една, и засвиреа на универзалните, светски хитови на Брега. Првиот дел од концертот беше тишина и уживање, а вториот ритам за уживање со „Чирибирибела“ од Дугме, „Едерлези“, „Јеремија“, „In the death car“. Иако Бреговиќ не сака орује и со албумот носи мировна порака, „Калашњиков“ беше неизбежен за крај.
На концертот во Скопје, Бреговиќ го прослави својот 69. роденден.Фото: Вангел Тануровски