АКО НЕ СТЕ - ВАКЦИНИРАЈТЕ СЕ, АКО СТЕ ПРИМИЛЕ ДВЕ ДОЗИ, ЗЕМЕТЕ ЈА ТРЕТАТА - српски имунолог со аргументи порачува
Милош Марковиќ, професор по имунологија на Медицинскиот факултет во Белград, ја спомена важноста и на вакцинацијата и на примањето на третата доза и ги објасни причините поради кои професијата зазеде цврст став по тоа прашање, но и која вакцина граѓаните треба да ја изберат како таканаречен засилувач, односно бустер.
Имено, Марковиќ посочува дека оние кои не биле вакцинирани против ковид-19 мора да се вакцинираат, а оние кои примиле две дози да ја земат третата, додавајќи дека за Синофарм, која е класична вакцина, но и за векторските Спутник В и Астра Зенека, како трета доза ја препорачува РНК вакцината, односно Фајзер или сега Модерна која пристигна во Србија. Тој исто така смета дека и покрај тоа што во повеќето земји третата доза се дава на имунокомпромитирани лица, во Србија треба да ја примаат сите, бидејќи опфатот со вакцинација е многу мал, има многу заразени, а и пациенти со тешка клиничка слика.
Детали на ФАКТОР ТУКА.