Ако немате што да кажете, тогаш не кажувајте ништо: Иронични и многу мудри цитати од Марк Твен

Добивај вести на Viber

Танцувајте како никој да не ве гледа. Пејте како никој да не ве слуша. Сакајте како никогаш да не ве изневериле и живејте како да има рај на земјата.

Афоризмите на Марк Твен - американскиот писател и хуморист, се применливи и денес:

-Ако прифатите гладно куче и го нахраните, тоа нема да ве гризе. Тоа е разликата помеѓу кучето и човекот.

-Човекот е најискрен кога ќе си признае дека е лажго.

-Човек што не чита добри книги нема предност пред човек кој воопшто не знае да чита.

-Човечкиот род има само едно навистина ефективно оружје - смеата.

-Ако немате што да кажете, тогаш не кажувајте ништо.

-Улогата на пријателот е да биде со вас кога ќе направите грешка. Кога сте во право, сите ќе бидат покрај вас.

-Избегнувајте ги оние што ги омаловажуваат вашите амбиции. Само мали луѓе го прават тоа, додека навистина големите луѓе прават да чувствувате дека и вие можете да станете големи.

-Не дозволувајте школувањето да те попречи во твојата едукација.

-Прекрасно е што се пронајде Америка, но ќе беше уште подобро ако ја промашиле.

-Добрината е јазик што глувите можат да го слушнат, а слепите да го видат.

-Нашите животи ќе беа неизмерно посреќни ако можеме да се родиме на осумдесет години и потоа да се приближиме накај осумнаесеттата година.

-Веднаш штом откриете дека сте на страната на мнозинството, итно треба да направите нешто со себе.

-Нема потажна сцена од млад песимист.

-Читајте здравствени книги многу внимателно. Може да умрете од печатна грешка.

-Потребни ви се две работи за да успеете во животот: игнорирање и самодоверба.

-Единствениот начин да бидете здрави е да јадете она што не ви се допаѓа, да пиете она што не го сакате и да го правите она што не ви се допаѓа.

-Подобро е да молчите и да изгледате како будала, отколку да зборувате гласно и да потврдите дека сте будала.

-Никогсш не се расправајте со идиоти. Тие ќе ве спуштат на нивното ниво и ќе ве победат со искуство.

-Сретнав луѓе кои едвај се промениле за триесет години, но нивните жени старееја. Сите тие беа искрени жени, а искреноста страда многу.

-Ние ги обожаваме луѓето кои во лице ни кажуваат што мислат, под услов да мислат исто како и ние.

-Никогаш не оставајте нешто за утре кога можете да го одложите за задутре.

-Да живееме така што утре и гробарот ќе жали што умревме.

-Танцувајте како никој да не ве гледа. Пејте како никој да не ве слуша. Сакајте како никогаш да не ве изневериле и живејте како да има рај на земјата.

извор;stil.kurir.rs
фото:profimedia