Ако планирате да летувате во Хрватска: Еве колку пари да си подготвите за лежалки, кафе, пица..
Летово доаѓа и пред почетокот на сезоната главното прашање на туристите кои планираат одмор, освен цената на хотели и апартмани, е колку чинат лежалки, чадори, кафе..
Цените во вонсезонска потрошувачка за Грција и Црна Гора засега се движат во рамки на минатогодишното ниво, но Хрватска значајно ги зголеми цените.
- Цените за престој на хрватскиот брег скокнаа помеѓу 5 и 15 отсто зависно од местото за кое туристите ќе се одлучат. За изнајмување на две лежалки со чадор ќе треба да издвоите меѓу 10 и 20 евра - велат во една туристичка агенција.
Цените на храната останале слични како и минатото лето, бидејќи курсот на куната не се менувал значајно во однос на 2018 година. За омилените слатки на плажа потребно е да се издвојат помеѓу 2,5 и 3 евра колку што чини палачинка, односно 1,5 евро за крофни.