Ако сакате рамен стомак, избегнувајте ги овие четири грешки
Сите жени сакаат да имаат рамен стомак, но како да се постигне таков резултат и саканиот изглед...
Многу е лесно ако редовно тренирате и избегнувате грешки кои често им се случуваат на многу дами. Секако, рамниот стомак не може да дојде преку ноќ, па истрајноста и трпението се важни на било кој пат до саканиот изглед.
Дознајте кои работи треба да ги избегнувате и што треба да промените во својата рутина.
Не конзумирате доволно вода
Едноставно е и колку што звучи - недостатокот на вода во организмот може да предизвика таложење на истите во пределот на стомакот. Кога не пиете доволно вода, телото почнува да паничи и складира вода. За среќа постои лесно решение: само променете ја количината на вода која ја внесувате и пијте ја многу повеќе од сега. Дневната доза треба да биде минимум 2 литри и секако , се треба да го распоредите на целиот ден.
Правите премногу кардио вежби
Факт е дека кардио тренинзите најбрзо и најлесно согоруваат масти, меѓутоа истите тие вежби го прават телото погладно и ве охрабруваат да внесете повеќе храна отколку претходно. Главна работа кај губењето масти во пределот на стомак не се наоѓа во кардио тренинзи туку во правилна исхрана.
Имате нереални очекувања
Секое тело е различно. Секоја личност сигурно има во својата глава зацртано како сака да изгледа-како некоја позната личност, или пријател кој според нив е совршен. Меѓутоа, ние сме различни и единствени, па според тоа мора да се гради слика на идеален изглед. Тонирањето на мускули и изглед на телото може да се промени со вежбање и исхрана, но и тоа мора да биде реално. Покрај тоа, секој треба да знае дека видливи стомачни не може да се видат само за два дена.
Не правите доволно вежби за средниот дел од телото
Иако исхраната е најдобар начин да дојдете до совршена цел и рамен стомак, вежбите за средниот дел исто така се многу важни. Не ви треба никаква скапа опрема, само време и одлучност. Пробајте да правите 500 стомачни, планкинг од 3 минути и 100 склекови. Да, сигурно ќе боли, но без малку мака нема ни резултат.