Ако слушнете вакви зборови од Ракот, наскоро ќе ве напушти: Еве како да дознаете дали вашата врска е на самиот крај

Добивај вести на Viber

Девица

Девиците со сите сили се трудат да најдат некоја забава која ќе им го одвлече вниманието од горливиот проблем. Тие се прилично параноични, па дури и кога изгледаат кул однадвор, одвнатре се во вистински пекол затоа што се обидуваат да ја пронајдат причината за раскинувањето на врската и се обвинуваат себеси.

Вага

Вагите стануваат работохоличари во овие ситуации. Тие се симбол на рамнотежа, па кога љубовта ќе ги исфрли од колосек, тие се обидуваат да се вратат во нормала работејќи двојно повеќе бидејќи мислат дека така ќе биде се во ред.

Скорпија

Кога Скорпиите се несреќни, тие или почнуваат да се дистанцираати тоа многу видливо, или бараат изговор за речиси се да се расправаат со партнерот. Кога една Скорпија ќе одлучи дека е несреќна, нема случајно да се обидува да ги поправи работите, ниту пак ќе се грижи за чувствата на партнерот.

Стрелец

Стрелците стануваат пасивно агресивни во овие ситуации. Имаат изливи на гнев кои без никакво предупредување ги фрлаат во лице на партнерот. Однадвор, можеби се уште изгледаат среќни и весели, но тоа е сè додека успеваат да си го гризат јазикот кога ќе им се појави отровен коментар. Кога тие сопирачки исчезнуваат, исчезнува и нивното прифатливо однесување.

Јарец

Јарците се обидуваат да контролираат сè дури и во обични околности, а оваа нивна тенденција станува уште полоша кога ќе почувствуваат дека врската е пред крај. Тие даваат се од себе за да го откријат проблемот и да го решат, дури и кога и самите се свесни дека врската е безнадежна. Бидејќи мразат промени, дури и кога самите не остануваат во врска, ќе направат се што е во нивна моќ да ја спасат, само за да не мора повторно да поминуваат низ агонијата да бараат нов партнер.

Водолија

Водолиите смислуваат неверојатни начини како да избегнат да размислуваат за врската. Доколку е потребно, таа ќе се пресели со партнерот на друг континент, ќе ја смени работата - ќе направи речиси сè. Ако Водолијата одеднаш нема ни минута време за вас, сака да се посвети на кариерата и кажува слични работи, знајте дека е време за раскинување.

Риби

Кога Рибите се несреќни во врската, одеднаш ќе добијат неверојатен нагон за авантура. Ќе внимава да не ги повреди вашите чувства, па веројатно ќе тврди дека ве сака, а всушност веќе на мета му е следниот партнер.

Фото: Freepik


Претходна страна