Ако сте родени во овој знак, пазете што правите: Вашата карма го наплаќа долгот, животот ви го возвраќа ударот
Скриена сила која се обидува да се погрижи ниту едно лошо дело да не помине неказнето
Во астролошката поделба постои дел наречен кармичка астрологија, кој зборува за тоа што е тоа што го носиме во овој живот што ни создава големи емотивни, деловни и љубовни блокади. Врз основа на владејачката планета, може да се одреди кој знак има кармички долгови. Знакот кој има голем кармички долг е знакот со кој владее Сатурн, а тоа е Јарецoт.
Овој знак носи тежина која се чувствува во сите области од животот, особено кога се во прашање емоциите и љубовта. Родените во овој знак често носат тежок товар од своите предци и имаат чувство дека постојано „се борат против целиот свет“.
Во љубовта се многу комплицирани и емотивно затворени токму поради стравовите кои кармички ги пренеле. Најдобриот совет за припадниците на овој знак е потребата емотивно да се отворат и што повеќе да веруваат во својот потенцијал. Ако за партнер имате луѓе родени во знакот Јарец, тогаш треба да сметате на љубов која е многу затворена и која никогаш не пристигнува кога ја очекувате.
Секогаш се случуваат некои работи кои ги одложуваат вашите љубовни врски и најважно е да имате доволно трпение доколку се грижите за оваа личност. Кога станува збор за деловните односи, Јарецот е секогаш тој што работи многу напорно и со текот на времето успева да постигне голем успех и да ги постигне сите свои зацртани цели.