Ако успеете да разберете зошто сте родени, ќе разберете сѐ друго: Мудроста на монасите од Света Гора која ќе ве натера да го ставите прстот на чело
Нема помудри глави од оние кои живеат на Света Гора, а ние ви ги пренесуваме нивните неверојатни мисли и изреки.
Света Гора е единствената земја на планетата во која луѓето не се раѓаат, туку само умираат таму.
Светогорчани во оваа чудесна земја со векови молчат и се молат светот да се прероди во Христа.
Утрово ви пренесуваме 27 парчиња мудрост од оваа света земја:
*Братот останува брат, макар и да е непријател.
*Библиотеката е аптека за умот.
*Големите и богатите никогаш не се виновни.
*Вековите се копираат едни со други.
*Камилата не си ја гледа грпката.
*Влеговме во орото - мора да играме.
*За непријателот што заминува, изгради златен мост.
*Ако детето плаче, мајката не разбира.
*Евтиното јаде повеќе пари.
*Ако не ја пофалиш својата куќа - таа ќе се сруши.
*Ако успеете да разберете зошто сте родени, ќе разберете се‘ друго.
*Исповеден грев - половина простено.
*И ѕидовите имаат уши.
*Кој спие наутро, навечер гладува.
*Подобро е да бидете разделени и заљубени, отколку блиски и во расправии.
*Со текот на времето, дури и незрелото грозје станува мед.
*Кокошката секогаш се пече таму каде што било јајцето.
*Никогаш не размислувајте за тоа што ве загрижува и никогаш нема да имате проблем.
*Додека едни сонуваат за брада, други плукаат во неа.
*Орелот не фаќа муви.
*Среде две зла нема да го најдеш подоброто.
*Раната од нож лесно се лекува, но за раната на јазикот нема лек.
*Најдоброто богатство е во доброто срце, а не во голем паричник.
*Старото магаре не може да се научи на нов чекор.
*Зрно по зрно - погача.
*Ведрото небо не се плаши од молњи.
Фото: Youtube - screenshoot
Извор: стилкурир