Ако вашето ДЕТЕ е родено во овој хороскопски знак, среќата ќе му се насмее: Големи се шансите да стане богато

Добивај вести на Viber

Со текот на годините, неколку студии потврдија дека сезоната во која се раѓа детето влијае на неговиот развој

Кршливите коски, менталните болести, па дури и интелигенцијата зависат од сонцето и витаминот Д.

На развојот на децата многу влијае количината на сончева светлина што ја апсорбираат додека се уште се во стомакот на мајката, достапните свежи намирници што ги јаде трудницата, а одредено објаснување лежи во самата статистика.

Доколку очекувате ново бебе деновиве, големи се шансите да порасне во доктор или инкасатор на долгови. Ова е заклучокот на британското национално биро за статистика.

Доколку е родено на крајот на јануари, статистички голема е веројатноста да стане славно. Според студијата објавена во Journal of Social Sciences, многу познати личности од различни области се родени во хороскопскиот знак Водолија.

- Тоа се мали ефекти, но се многу јасни. Не се залагам за астрологија, тоа е смешно, но луѓето не се имуни на ефектите од различните сезони - изјави Расел Фостер, невролог од Универзитетот во Оксфорд.

Исто така, бебињата кои се родени во зима се поголеми, па кога ќе почнат на училиште, тие обично се потешки, повисоки и имаат поголем обем на глава од нивните врсници. Според заедничкото американско и австралиско истражување, во кое научниците го проучувале развојот на 21.000 момчиња и девојчиња, се покажало дека зимските деца имале подобри резултати на тестовите за интелигенција од нивните врсници.

Другата страна на паричката исто така носи некои можни проблеми. Некои студии покажаа дека повеќето деца со тешки алергиски реакции на храна се родени во зимските месеци.

Иако точната причина не е позната, експертите претпоставуваат дека за тоа е виновна помалата изложеност на сонце и витамин Д на мајката во последните месеци од бременоста. Ова е и причината зошто зимските бебиња имаат помала коскена маса и послаби коски од летните.

Недостатокот на сончева светлина влијае и на развој на депресија, на која се повеќе склони, како и на развој на невролошки нарушувања, како што е шизофренијата. Тие имаат десет проценти поголеми шанси од останатите да се родат порано, а научниците сметаат дека сезоната на грип е значаен фактор за тоа.


Фото: unsplash

Извор: најжена