Ако земате пензија во Шпаркасе Банка читајте го ова

Добивај вести на Viber

Оваа сабота, сите приматели на пензија а клиенти на Шпаркасе Банка Македонија ќе бидат исплатени.

Од Шпаркасе Банка Македонија информираат дека на 28 декември, односно оваа сабота Шпаркасе Банка Македонија ќе ги исплати пензиите на сите клиенти што ја примаат својата пензија од ПИОСМ, а се корисници на услугата „Пензија на 1-ви“.

Пензијата може да се подигне во нивните филијали или на банкоматите во земјата. 

Сите информации за предностите на Пакетот за пензионери може да ги дознаете во нашите филијали или во Контакт центарот на тел. број: + 389 2 3200 600.

Среќни празници ви посакуваат од Шпаркасе Банка Македонија.