Актерката Билјана Беличанец пронајдена мртва
Познатата актерка Билјана Беличанец – Алексиќ, вечерва е пронајдена мртва во стан во Скопје, јавува „Макфакс“.
Од МВР ја потврдија информацијата за новинската агенција, а за сега не се познати причините за смртта на актерката.
Беличанец е родена на на 25 јули во 1973 година во Скопје. Во 1994 година дипломирала како најмлад актер на Факултетот за драмски уметности. Истата година се вработува во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, каде претежно игра главни улоги за кои подоцна добива награди и признанија. Во 1997 година се вработува во Драмски театар.
Има реализирано бројни главни и споредни улоги во повеќе театарски проекти во Драмскиот театар и други инстутуции и проекти.
Таа беше поранешна градоначалничка на скопската општина Кисела Вода. На таа функција беше од 2014 до 2017 година.