Актерот Хју Грант се жени со шведска продуцентка

Актерот Хју Грант ќе се жени.

За 57-годишниот актер ова е прв брак, а негова избраничка е 18 години помладата шведска ТВ-продуцентка Ана Еберштајн.

Двајцата подолго време живеат заедно, а Еберштајн е мајка на три од петте деца на актерот. Грант има и две деца со поранешената девојка Тинглан Хон, со која беше по долгогодишната врска со актерката Елизабет Харли.

Британските медиуми пишуваат дека венчавката треба да се одржи наредните недели.