Ал Пачино стана татко во деветата деценија: Се породи неговата 54 години помлада девојка
ФОТО: Јутјуб принтскрин
Само десет дена откако во Холивуд одекна веста за бременоста на Нур Алфала, девојката на Ал Пачино, оваа 29-годишна жена го роди своето прво дете, а четвртото дете на актерот. Така Пачино стана татко на 83 години!
Среќната вест ја потврди и самата Нур, која е 54 години помлада од Пачинo.
Ал и неговата девојка Нур Алфала (29) официјално ја објавија веста за нивниот нов син. Претставникот на актерот потврди во изјавата:
- Ал Пачино и Нур Алфала му го дале името Роман Пачино на синот.
Името Роман има различно потекло, но најчесто се споменува хебрејското, што значи „силен, моќен“.
Како што претходно објави The US Sun, парот неодамна беше забележан во Лос Анџелес само неколку дена по породувањето. Двајцата беа забележани на вечера во Сансет Тауер во Западен Холивуд, Калифорнија во средата.
На излегување од хотелот Ал бил на совозачкото место, додека Нур зад воланот. Наводно, во задниот дел можело да се види бебешко седиште.
Да потсетиме дека веста за бременоста беше проследена со бројни контроверзи, меѓу кои и тврдења дека Ал не бил сигурен дека детето е навистина негово. Но, извор близок до парот инсистираше дека и двајцата се пресреќни поради бременоста, иако тоа беше изненадување.
Истиот извор ги демантираше шпекулациите дека Нур ја криела бременоста од Пачинo, а со него била во врска за пари.
Нур е „слабa“ на постари мажи
Да потсетиме, парот е во врска две години, а првпат заедно беа видени во април минатата година. Инаку, Алфала е очигледно „слаба“ на постари мажи, со оглед на тоа што во минатото беше во врска со Мик Џегер (78), а парот раскина во 2017 година. Интересно е што во 2019 година ја поврзуваа и со Клинт Иствуд (91), но на крајот тврдеше дека се само пријатели.
Нур еднаш во едно интервју откри дека луѓето навистина ја коментирале нејзината врска со Џегер, но дека не жали за ништо и дека има многу убави спомени од таа романса.
„Годините не ми беа важни. Срцето не знае што гледа, знае само што чувствува. Тоа беше мојата прва сериозна врска и тоа беше среќен период за мене“, изјави еднаш оваа 28-годишна девојка за "Здраво. “.