Александра и Денис кој е во инвалидска количка изведоа ултра забавен прв танц,: „Колку е убаво кога сродните души ќе се најдат“
Некои го сметаат за убаво, други го сметаат за апсолутно скандалозно. Секако - никој не остана рамнодушен, па ако целта на еден ваков необичен прв танц беше да ја заинтригира пошироката јавност, тогаш двојката од Словачка апсолутно успеа во тоа.
Александра Лаура Годалиова и Денис Кучера се млад пар од Словачка, кои неодамна се венчаа, а првиот танц од нивната венчавка е вистинска интернет атракција - за која сите зборуваат и на големо коментираат.
Имено, Денис е инвалид и врзан за инвалидска количка. Сепак, тоа не ја изгуби волјата за живот кај овој млад Словак, а тој беше забележително весел на венчавката - како што доликува на таква прилика. И бидејќи не сака да се чувствува лишен од одредени искуства во ниту еден сегмент од животот, пропуштањето на првиот танц на сопствената свадба не доаѓаше во предвид.
Музиката на која танцуваа младенците беше познатиот хит на Деди Јенки „Гасолина“, а кореографијата беше и однапред подготвена.
А токму оваа фотографија предизвика толкава врева на социјалните мрежи, со оглед на тоа што невестата седна во скутот на Денис, а потоа тој почна да симулира интимен секс и да се движи низ салата во инвалидска количка.
@alexgodaly my ride or die@Denis Kučera original sound - Alex Godaly
Во друг момент, Александра заносно танцуваше „пред неговиот нос“ заедно со нејзините деверици и другарки. Видеото беше објавено на Тик ток со наслов: „Дами и господа - мојот сопруг“.
За некои танцот е несоодветен, за други ентузијастички
Таа објави и слични провокативни фотографии на Инстаграм, а потоа следеа коментарите:
„Одвратно до болка“, „Орото беше сосема несоодветно за видот на прославата, можеше многу попристојно да го одиграат“, „Не ти беше срам од гостите, семејството, твоите родители? Побрзо би умрела отколку да му скокнам во меѓуножјето на мојот сопруг така пред другите луѓе“, гласи еден од коментарите.
Другите гледаа со други очи.
„Колку е убаво кога сродните души ќе се најдат“, „Девојко колку среќен го правиш, солзи ми дојдоа“, „Почит, ти посакувам се најдобро“, се дел од коментарите.
Фото: ИнстаграмИзвор: Zena.blic.rs