Алексис- Џоан Колинс: Ја силувал на 17 години, па се омажила за него

Легендарната актерка Џоан Колинс ја ситни деветтата деценија! По тој повод се потсетуваме на нејзината животна приказна, која ако зборуваме за младоста, била секаква, само не светла и сјајна.

Инаку, актерката пред неколку години, после цели 64 години молк, прв пат јавно проговори за силувањето кое ѝ се случило на 17 годишна возраст, во документарниот филм за сексуално насилство врз жените. Нејзината приказна не е класична трагедија на силувана жена, туку е уште полоша само поради една причина – силувачот бил ирскиот актер Максвел Рид, за кого актерката подоцна се омажила!

Рид ја издрогирал и ја силувал, а Колинс тогаш уште била девица.

„Бев со него на состанок, а кога се вративме тој влезе да се тушира. Ми даде рум-кола и неколку книги, за да не ми биде досадно додека го чекам. Инаку, книгите беа порнографски, што до тогаш не бев видела такви“, раскажа тогаш Џоан. 

Тоа што се случило отпосле, останало само длабоко врежано во сеќавањата на актерката, за време на полни 7 децении: „Следно што се сеќавам е дека лежам на троседот во дневната соба и тој ме силува. Ми ставил и дрога во пијачката“, изјави Џоан.

Во документарниот филм Џоан сакала да објасни како чувството на вина ја однело пред олтар со својот насилник. Младата актерка се чувствувала многу лошо, чувствувала вина што си дозволила самата себе да спие со него. Тогаш времето било поразлично.

„Не бев крива, ама не го знаев тоа. И повторно излегов со него. А можеби не требаше. Беше многу постар од мене и беше позната ѕвезда. Кога и да ме повикаше да излеземе, одев, не можев да го одбијам. А откако поминаа неколку месеци, тој ме запроси“ – се присети актерката и додаде: „Се согласив бидејќи тој ми ја одзеде невиноста. Го мразев, но и чувствував огромна вина заради тоа што ми го направи. Ми требаше многу време за повотрно да научам да му верувам на некој маж“ истакна таа.

Актерката со Рид била во брак од 1952 до 1956 година, кога се развеле, а тој почина во 1972 година.

Сепак, искуството со првиот маж остави длабок белег врз актерката. Таа научи лошата врска да ја пресече без било какво одолговлекување, па сега позади себе има 4 пропаднати брака, но последниот изгледа конечно ѝ донесе среќа. Во 2002 година таа се омажи за 32 години помладиот актер Персиј Гибонс, со кој се уште е во среќен брак.

Како свое најголемо богатство ги смета своите три деца – ќерката Тара и синот Александар, кои ги добила во седумгодишниот брак со вториот сопруг, актер и филмски композитор Ентони Њули. Две години после разводот со Њули се омажи со Роналд Каса, претседател на издавачката куќа „Apple records“ и истата година го роди и третото дете.

После 11 години во брак, во 1983 година, Колинс се разведе од Каса, а две години подоцна се омажи за шветскиот пејач Питер Холм. Се венчаа ненадејно во Лас Вегас и тоа во моментот кога се емитуваше серијата „Династија“, по која најмногу ја памтиме Џоан Колинс и нејзиниот врв на популарноста. Бракот потраја само две години.