„Алкалоид“ две децении дел од најреномираниот глобален фармацевтски собир CPhI
„Алкалоид“ годинава заокружи дведецениски јубилеј како дел од најреномираниот светски настан во областа на фармацијата CPhl (Convention of Pharmaceutical Ingredients). Под мотото „Во срцето на фармацевтската индустрија“, CPhI се одржа од 24 до 26 октомври во Барселона, Шпанија, a тимот на „Алкалоид“ и оваа година имаше неверојатна можност да се претстави со свој штанд,од каде што недвосмислено беше пренесена најважната порака: Здравјето пред сѐ.
„Вистинско професионално задоволство е на најпрестижниот фармацевтски саем во светот да се види штанд на ’Алкалоид’ со постојано пополнети термини за состаноци и со голем број заинтересирани соработници за соработка со компанијата. Со секое следно учество на CPhl ’Алкалоид’ ги надминува очекувањата во делот на т.н. современо корпоративно претставување. Годинава за првпат имавме можност за организирање мрежен настан надвор од саемските хали. Честа која со своето присуство ни ја укажаа претставниците од врвните фармацевтски глобални играчи е од непроценлива важност за нас“, истакнаа од Одделот Фармација при „Алкалоид“.
CPhI, како глобален настан за светската фармацевтска елита, годинава во Барселона собра повеќе од 65.000 посетители и преку 1.800 изложувачи. CPhl е најважниот настан во годината од областа на фармацевтската индустрија, кој во текот на своето тридецениско постоење прерасна во заедница која обединува преку 280.000 професионалци кои работат во глобалниот синџир на снабдување во фармацевтската индустрија. Тимот на „Алкалоид“ оствари продуктивни средби и размени драгоцени искуства со голем број на фармацевтски професионалци од целиот свет.
„Вообичаено остваруваме средби со нашитепостојнидобавувачи на репроматеријали и на активни состојки, со нашите лиценцни партнери, консултанти и со други соработници на ’Алкалоид’, но, исто така,целиме кон нови контакти, со кои градиме вредни деловни релации. Она што јас лично можам да го кажам за CPhI е тоа дека ова е единствениот one-stop-shop во светот на фармацевтската индустрија каде што ќе најдете сѐ што постои во неа. Она што нема да го најдете на CPhI значи дека не постои. За CPhI не се потребни никакви посебни препораки, затоа што сите доаѓаат да дознаат за последните достигнувања во сферата на фармацијата и да направат нови контакти за да го растат својот бизнис“, истакна Милош Радуловиќ, постар директор во сегментот фармација при „Алкалоид“ АД Скопје.
CPhI е извонредна можност за добивање информации за најновите достигнувања од областа на фармацијата,за да се одржи чекор со динамичните трендови вофармацевтската индустрија. Тој има пракса на ротирање, па во последниве години се одржуваше во Брисел, Милано, Мадрид, во Париз, Барселона и во Франкфурт.