„Алкалоид“ со втора масовна крводарителска акција годинава

Добивај вести на Viber

Под мотото „Дарувај крв, спаси живот“, во Центарот за едукација и за обуки на „Алкалоид“, во соработка со „Црвен крст“ и со Институтот за трансфузиона медицина се одржа нова крводарителска акција за вработените во компанијата. Во насока на продолжување на петдецениската традиција на организирање крводарителски акции, 150 пријавени алкалоидовци изразија волја за крводарување.

Меѓу вработените кои денеска даруваат крв има и вистински рекордери со повеќе од 30 дарувања, но многубројни се и вработените од помладата генерација кои за првпат даруваат крв, што е за посебно поздравување.

Kрводарителските акции, како дел од повеќето корпоративни активности за општествена одговорност на „Алкалоид“, имаат огромна важност токму поради чинот на хуманост и човечка солидарност. Со акцијата спроведена во јуни, во чест на Денот на крводарителите и денешната, во компанијата дарувани се вкупно 290 единици крв. Едно крводарување може да спаси 3 до 4 човечки животи. 

Афирмацијата на доброволното крводарителство и изразувањето благодарност спрема големиот број алкалоидови крводарители се едни од главните цели на Друштвото на крводарители, кое активно фунционира во рамките на компанијата повеќе од 50 години. 

Крводарител може да биде секое лице со добра општа здравствена состојба на возраст од 18 до 65 години. Според критериумите за крводарување, мажите може да даруваат крв на секои 3, а жените на секои 4 месеци.