Алтернативна револуција или револуција на алтернативи?

Добивај вести на Viber

„Постои цел еден нов свет зад светот на класичните цигари“, вели Матијас Ботлер, еден од водачите на менаџмент тимот за категоријата производи што го загреваат тутунот во компанијата Филип Морис. На сега веќе традиционалната, деветта по ред експертска конференција Open science во Швајцарија, тој истакна дека денес во светот дефинитивно постојат подобри алтернативи.

Тие секако настанале како резултат на револуционерниот напредок на науката, медицината, но и технологијата. Доста интересен осврт на тоа дава Роберт Емет, задолжен за интеграција на новите алтернативни производи во рамките на истата компанија: „Тутунот како растение постои многу долго. Луѓето на почетокот џвакаа тутун, ако се знае дека оганот се појавил многу подоцна. Значи, дури со една револуција, односно со пронаоѓање на оганот, никотинот може да биде консумиран на друг начин“.

Научно-технолошкиот напредок придонесе во пружање нови, помалку штетни алтернативи за сите оние пушачи кои секако би продолжиле да пушат. Во овој контекст, Жизел Бејкер, доктор по биометрички и епидемиолошки науки и шеф на тимот за поврзување и ширење на науката во Филип Морис вели: „Единствениот, најдобар избор е целосното престанување со пушење“. Но, што е со луѓето кои не сакаат? Најдоброто нешто за нив е барем да престанат да користат традиционални цигари. Затоа е многу важно постоењето на алтернативни можности“.

Категоријата на алтернативи без чад вклучува неколку видови производи, но е-цигарите се издвојуваат бидејќи не содржат тутун. Давиде Скијускијо, познат доктор по токсиколошки и фармаколошки науки, веродостојно ги опишува овие уреди: „Никотинот може да се добие од листовите тутун, а може да биде и синтетизиран и тогаш се работи за медицински чист никотин. Ова е преобемна тема, но исклучително е важно сите да го разберат нејзиното значење. Кај електронските цигари нема согорување на тутун, така што драматично се намалува потенцијалната штетност“. Како што објасни г-дин Скијускијо, во е-цигаритесе наоѓа течност, која ослободува никотин кога се загрева, а во течноста наочаат растителен глицерин и ароми.

Кај електронските цигари, исто така, треба да се направи разлика помеѓу уредите за еднократна употреба и уредите што можат да се користат во континуитет. Основната разлика е што еднократните уреди, кои во себе имаат никотинска течност, се користат само додека течноста не се потроши. Од друга страна, уредите за повеќекратна употреба пружаат можност патроните со течност да се заменат кога ќе се потрошат.

На прашањата на публиката во врска со разновидноста на вкусот, начинот на користење и големиот број бездимни алтернативи, панелистите се согласни дека сето тоа е со цел за подобрување на корисничкото искуство и оддалечувањена пушачите од класичните цигари.

„Разновидноста на производите е многу важна, бидејќи на секој пушач кој не сака да се откаже од никотинот му се нуди можност да избере помалку штетна алтернатива која нему најмногу му одговара. Верувам дека ќе успееме на овој пат на замена, но потребна е и соодветна едукацијаи слуход регулаторите“, посочува Давиде Скијускијо, а Жизел Бејкер тоа одлично го покажува преку корисничкото искуство: „Ако е можно, а можно е, да се намали изложеноста на потенцијално штетни материи, тогаш треба да бидеме мудри и да донесеме правилна одлука“. Секако, треба да се има предвид дека и електронските цигари не се без ризик, бидејќи ослободуваат никотин кој предизвикува силна зависност.


ПР објава