American Express новогодишна кампања со поврат на средства и до 20% од направената сметка

Добивај вести на Viber

По повод претстојните празници започнува најголемата новогодишна шопинг кампања со American Express картичките на Силк Роуд Банка АД Скопје.

Сите корисници на American Express картичките издадени од банката со секоја трансакција направена на ПОС терминал во период од 15.12 до 07.01.2021 година во подолу наведените продавници добиваат и до 20% поврат на средства.

Продавниците кои се вклучени во оваа новогодишна шопинг кампања се следниве:

-Fashion Group (Women’secret,Springfield, Parfois, Mango, SuperDry и Fashion & Friends) – 10%поврат на средства,

-Крш Koмерц – 10% поврат на средства,

-Sara Fashion – 20% поврат на средства,

-Еликсир парфимерии – 15% поврат на средства,

-Анабела парфимерии – 20% поврат на средства,

-Веро и Џамбо маркети – 5% поврат на средства, и

-АД Европа -  10% поврат на средства.

Повратот на средствата се однесува за сите артикли во продавниците на горенаведените брендови, без ограничувањедали истите се на попуст или не.

Силк Роуд Банка на сите постојни и идни клиенти и корисници на American Express картички им ги честита претстојните новогодишни и божиќни празници.


ПР објава