АМЕРИКА ЈА ОБОЖАВАШЕ: Почина поранешната прва дама на САД - Буш!
Барбара Буш, првата дама со снежно-бела коса, која поради својот директен начин на говор и целосен недостаток на извештаченост повремено беше популарна од својот сопруг, претседателот Џорџ Буш постариот, починала во вторникот. Имаше 92 години.
Госпоѓата Буш во Вашингтон дојде и ги поремети конвенциите. Со својата седа коса, брчки и огрлици со лажни бисери изгледала како баба, посебно покрај својот младолик сопруг Џорџ Буш постариот поради што беше мета на тогашните комичари.
„Она што го гледате - тоа сум јас. Јас не се кандидирам за претседател. Џорџ Буш е кандидат“, рекла таа на Републиканската национална конвенција во 1988 година каде нејзиниот сопруг тогаш претседател, е номиниран за наследник на Роналд Реган.
Парот Буш кој се венчал на 6 јануари 1945 година имале најдолг брак од сите претседателски парови во американската историја. Барбара Буш воедно беше една од само двете први дами чиј син стана претседател. Втора е Ебигејл Адамс, жената на Џон Адамс и мајка на Џон Квинс Адамс.
-Имав најдобра работа во Америка-напиша во своите мемоари Барбара во 1994 година опишувајќи го својот живот во Белата куќа. -Секој ден беше интересен, ме исполнуваше а понекогаш едноставно беше -забавен.
Семејството Буш на 15 април објави дека нејзиното здравје е се полошо и дека одлучила повеќе да не бара лекарска помош.
Ројтерс наведува дека Барбара Буш која во последните години се бореше со белодробни и срцеви болести, сопругот и децата ја нарекувале „Сребрена лисица“ бидејќи оваа жена со снежнобела коса била позната по тоа што жестоко го штитела своето семејство.
При една прилика кога нејзиниот сопруг беше претседател таа рекла:
„Јас не се глупирам во неговата канцеларија, а тој не се глупира во моето домаќинство“.
Барбара Буш ќе биде погребана на земјиштето на „Библиотеката на Буш“ на околу 160 км северозападно од Хјустон, каде почива и нејзината тригодишна ќерка Робин, која во 1953 година починала од леукемија.