Американски бизнисмен (45) тврди дека нашол ЛЕК ПРОТИВ СТАРЕЕЊЕ: Вака го сменил биолошкиот часовник

Добивај вести на Viber

Американскиот бизнисмен Брајан Џонсон, познат по опсесивниот пристап во борбата против стареењето, откри нова терапија за замена на плазма која ги отстранува токсините од неговото тело.

Брајан Џонсон (45), кој годишно троши околу два милиони долари обидувајќи се да го спречи стареењето, неодамна објави дека направил целосна размена на плазма, при што неговата крвна плазма се заменува со чист албумин, најзастапениот протеин во крвта.

View this post on Instagram

A post shared by Bryan Johnson (@bryanjohnson_)

Џонсон претходно го привлече вниманието кога ја замени неговата крвта со крвта на својот син тинејџер, кого бизарно го нарече „крвно момче“, но постапката, како што подоцна се испостави, не донесе некоја значајна корист.

- Главната цел на терапијата е да се отстранат токсините од моето тело. Доказите за нејзината ефикасност се‘ уште не се гледаат – рече Џонсон.

View this post on Instagram

A post shared by Bryan Johnson (@bryanjohnson_)

Самиот процес, според Националниот институт за здравје, вклучува поминување на крвта низ машина која ја филтрира плазмата, ја отстранува, додека црвените крвни зрнца се враќаат во телото заедно со течност како плазма или албумин.

Џонсон исто така истакна дека пред оваа терапија извршил серија мерења за следење на резултатите, кои ќе вклучуваат вкупно шест третмани. Според него, операторот кој ја извршил процедурата забележал дека неговата плазма е „најчистата што ја видел досега“.

- Беше фасциниран откако заврши процедурата, не можеше да ја фрли. Размислуваше за сите добри работи што плазмата може да ги направи во светот.

View this post on Instagram

A post shared by Bryan Johnson (@bryanjohnson_)

Џонсон дури сугерираше дека неговата плазма може да биде ставена на аукција или донација по следната процедура, нарекувајќи ја „течно злато“.

Брајан Џонсон стана едно од водечките лица на движењето против стареење, а неговото богатство му овозможува да следи строг режим под надзор на тим лекари, вклучувајќи секојдневно вежбање, веганска исхрана и земање повеќе од 100 додатоци на ден.


Фото: инстаграм