Ана Ивановиќ како барбика: Во розево од глава до пети, никогаш не сме ја виделе во вакво издание

Добивај вести на Viber

Ана Ивановиќ во деловен Барби стајлинг

Новиот филм „Барби“ буквално го полуде целиот свет, а модните идеи од филмот во голема мера се прелеаа во најголемите трендови летово.

Секако, кога станува збор за бојата, ова лето недвосмислено го одбележа розовата боја, боја која секогаш асоцира на барбики, а сега сите хит парчиња на летото, од фустани до костими за капење и додатоци, логично се розови!

Не е чудно што познатите дами побрзаа да ја збогатат својата гардероба со облека, обувки и сите можни додатоци во овие нијанси, но некои кои претходно не носеа толку често розова боја решија да го променат тоа и да го следат „барби трендот“.

Ним им се придружи и поранешната тенисерка Ана Ивановиќ, која ретко ја гледаме во розови стајлинзи, а таа реши да ја сврти модната игра наопаку и да ни покаже како изгледа кога избира целосно розова облека.

На својот Инстаграм Ана ги сподели своите впечатоци од вечерта во Brax Women's Network каде зборуваше за модата, за нејзината спортска кариера и за она што ѝ е важно во животот.


За таа пригода секако се погрижила каков стил ќе избере, а својот деловен аутфит го зачинила со нежни и романтични тонови кои како и секогаш ја правеле беспрекорно. 

Ана се одлучи за монохроматски розов стил, кошула и панталони од лесен материјал; оваа  нијанса одлично оди со пристојна шминка, а Ана остана доследна на својот природен стил.


Фото: Инстаграм - Ана Ивановиќ

Идеален за лето, а толку ризичен: Бохо фустанот на Ана Ивановиќ кој ги подели вкусовите и лесно води во модна катастрофа