Ана наполни 1 година: Роденденска забава во семејството на фолкерката Татијана Стефановска

Ќеркичката на фолк пејачката Татијана Стефановска вчера наполни една годинка. Малата Ана е преслатко девојче кое на свет дојде минатата година како прва принова на пејачката.

Роденднската забава поминала во присуство на најблиските.


До пред да се породи Татијана не и навестуваше на јавноста воопшто дека ќе има принова во нејзиното семејство.


-Голем си Господе! Благодарни и должни сме ти до века! Ни се роди ќерка. Ана! Господ секаде да дава ваква радост! – објави Стефановска кога се породи.



Таа е во брак со музичарот Митко Бежановски .

Фолкерката веќе 10 години живее хармоничен брак со сопругот Митко, за кој во интервју за Женски магазин ни раскажа дека се запознале пред да заминат на турнеја во Америка.

Нивната љубовна приказна може да ја прочитате тука.

За време на пандемијата не заболев од ковид, туку забременив и го имав цело време за одмор: Пејачката Татијана Стефановска искрено за Женски магазин

Ана е преслатка: Пејачката Татијана ја покажа ќерката (ФОТО)


фото: Screenshot Instagram