Ана е преслатка: Пејачката Татијана ја покажа ќерката (ФОТО)
На Татијана Стефановска ѝ годи мајчинството.
Пејачката прв пат на социјалните мрежи објави фотографија од ќеркичката Ана која е преслатко бебе.
Ана на свет дојде пред повеќе од пет месеци.
До пред да се породи Татијана не и навестуваше на јавноста воопшто дека ќе има принова во нејзиното семејство.
-Голем си Господе! Благодарни и должни сме ти до века! Ни се роди ќерка. Ана! Господ секаде да дава ваква радост! – објави Стефановска неодамна кога се породи.
Таа е во брак со музичарот Митко Бежановски .
Татијана за Митко велеше дека конечно го нашла човекот на нејзиниот живот, каков што барала отсекогаш, кој ја разбира нејзината работа. Ова е прв брак за фолкерката, а втор за нејзиниот избраник, кој има и син.
Foto: Instagram oficijalen profil Tatijana Stefanovska
Татијана Стефановска ужива во улогата на мајка: Пејачката објави прва фотка од ќеркичката и ги разнежни ситеГолем си Господе: Пејачката Татијана Стефановска роди ќерка