Два пати силно заѕвони ѕвоното на Детска онкологија: Вукашин и Ана се нашите суперхерои, лавовски се изборија со болеста
На Детската клиника за Онкологија два пати најсилно завони ѕвоното кое обележува крај на лекувањето од најлошата болест. Вукашин и Ана се нашите суперхерои кои храбро се изборија со болеста.
Во продолжение во целост ви го пренесуваме статусот од Фејсбук, од мајката на Вукашин.
„Господе, слават ти
Денес за нас е голем ден, на Детската Клиника ѕвоното ѕвонеше два пати најсилно, Суперхероите Вукашин и Ана се изборија лавовски, го пребродија цел период храбро и достоинствено!!!
Благодарност до целиот медицински персонал на Одделението за Онкологија и Хематологија луѓе со големо, Благодарност и до нашите најблиски, роднини, сите пријатели ,колеги ... вашата молитва и поддршка ни беше многу значајна. Бура од емоции, солзи, насмеани лица, најголем аплауз.
Дај Боже секое детенце кое се бори со ваква состојба ( нема да ја наречам болест ) на крај да биде победник и да ѕвони најсилно !!! Сите дечиња да се здрави и живи во целиот свет !!!
Денес излеговме победници и ние го огреавме сонцето.
Уште еднаш Господ, слава ти“, напиша Бранкица, мајката на Вукашин.
Фото: Фејсбук