ХЕРОЈСКИ ПОДВИГ - екипа за Итна помош од Бања Лука четири часа пешачела низ снег за да стигне до болно дете
Екипата за Итна помош од Бања Лука поминала дури четири часа пробивајќи ги завеаните патишта за да стигне до детето во градот Рекавица. Детето било приклучено на респиратор, а поради лошото време снемало струја.
Оваа информација беше објавена на Фејсбук од страна на итната помош.
И покрај невозможните временски услови и затрупаните патишта, лекарскиот тим не се откажа.
По неколкучасовна борба со временските услови и користење на сета расположлива опрема, успеале да пристигнат навреме и на детето да му ја пружат потребната лекарска помош.
<iframe src="https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Fdragan.gunjic.311%2Fposts%2Fpfbid02pBxgzxgXmeQqSVGQZkv9CtYFeisFqEN7V4GSeRzw6zwGCz62eF7xyPQb6LToAophl&show_text=true&width=500" width="500" height="665" style="border:none;overflow:hidden" scrolling="no" frameborder="0" allowfullscreen="true" allow="autoplay; clipboard-write; encrypted-media; picture-in-picture; web-share"></iframe>
Ова е еден од низата примери за помош на сограѓаните кои изминативе денови им ја пружија медицинските работници и членовите на Планинарската спасувачка служба.
Исто така, ова е само една од низата населени места кои во моментов се без струја и отсечени поради обилниот снег.
Фото: Принтскрин/ФејсбукИзвор: Фактор