„АЛКАЛОИД“ 2024, УСПЕШНИ ЧЕКОРИ КОН ИДНИНАТА - Обраќање на Генералниот директор, Живко Мукаетов

Добивај вести на Viber

Во 2024 година, „Алкалоид“ ја зацврсти својата позиција како лидер во иновациите и одржливото работење. Од добивањето на првиот меѓународен патент за лек со додадена вредност до отворањето на капиталниот проект Таблетно 2 вреден 19,4 милиони евра, компанијата испиша нови страници на успех. Со проширување на глобалното присуство преку ново друштво во Казахстан и инвестиции во биотехнологии во Јужна Кореја, „Алкалоид“ постави нови стандарди. Годината ја одбележаа и престижни награди од Македонската берза, хуманитарниот хепенинг за СОС Детско село и отворањето на Музејот на „Алкалоид“ – сведоштво за осумдесет и осум години успех.

-„Алкалоид“ во моментов е компанија на над три илјади семејства и секој еден член на големото семејство алкалоидовци придонесува нашата успешна приказна да продолжи да расте и да се развива., a како потсетник за тоа од каде сме тргнале, каде сме денес и каде треба да се движиме во иднина е Музејот на „Алкалоид“, кој го отворивме годинава. Овој простор содржи бројни драги спомени и значајни моменти од етапниот осумдесет и осум годишен развој на една успешна македонска приказна, со пласмани во над педесет земји во светот, која денес ја раскажуваат нови генерации дома и надвор од македонските граници, на кои ќе им ги пренесат силните етички стандарди базирани на знаење и системот на вредности граден со децении.

Со желби за добро здравје, среќа, успеси и повисоки достигнувања, ви посакувам среќни празници!, вели во годишното обраќање Генералниот директор на компанијата, Живко Мукаетов.