СЕ БЛИЖИ НОВА ГОДИНА: Maкедонките сакаат да се средат на фризер, но една работа се смени со годините

Добивај вести на Viber

Фризерските салони во земјава имаат работа во пресрет на Нова година. Македонските жени сакаат да се средуваат и да изгледаат убаво. Сепак, еуфоријата која ја имаше во минатото, денес е намалена. Многу луѓе Новата година ја доживуваат како обичен ден и премин од една во друга календарска година.

Димче Ивановски, претседател на Македонската асоцијација на фризери вели дека месецов има работа, а во јануари ќе настапи „мртов период“.

„Онаа еуфорија којашто беше порано, повеќе ја нема. Има предногодишни забави, каде колегите излегуваат, рестораните и кафулињата се полни. Кај мене во локалот, работиме денски, сите имаат журки, сите имаат диџеи, а навечер повеќето кафичи се затворени. Еуфоријата не е како порано, кога со душа се чекаше Нова година. Сега повеќе се става акцент на предновогодишните забави и дочек на плоштад. Мислам дека западниот стил на живот дојде и кај нас.  Тоа не значи дека ние фризерите немаме работа. Покрај услугата за убавина, ја даваме услугата за хигиена. Секој сака да биде дотеран, убав. Нема застој, ама еуфорија некоја голема, нема. Јас 33 години работам со салонот, нема таква еуфорија како во минатото. Се смени стилот на живот.  Тие што имаат пари, заминуваат некаде, не се тука за Нова година. И тоа е нормално и логично, да зборуваме од аспект на финансии. Повеќе им се исплаќа да прошетаат и да се одморат во странство“, вели Ивановски.

Целата информација прочитајте ја на Фактор.
Фото: Freepik.com