„Ме отпишаа, се борев од инает“: Болна исповед на актерката Љиљана Стјепановиќ за злобната болест

Добивај вести на Viber

Нејзините познати реплики сè уште се прераскажуваат до ден-денес

Љиљана Стјепановиќ е една од најпознатите српски актерки, препознатлива по впечатливите улоги во филмот, телевизијата и театарот. Родена е на 20 март 1946 година во Книн, во тогашна Југославија. Нејзината актерска кариера трае со децении, а на јавноста и е позната по голем број разновидни улоги. 

Својот актерски талент го развила преку бројни театарски претстави, телевизиски серии и филмови. Иако е најпозната по улогите на телевизија, подеднакво е ценета и нејзината работа во театарот, каде толкуваше различни ликови, од комични до драматични.

На телевизија постигна забележителни улоги во сериите како: „Бољи живот“ - една од најпознатите југословенски серии од 1980-тите, каде играше споредна, но впечатлива улога, потоа „Семејно богатство“ - популарна хумористична серија во која таа се истакна во улогата на фината домаќинка Милева Гавриловиќ, како и „Село гори, а баба се чешла“ - серијал кој доби култен статус, каде Љиљана глумеше топла и мудра баба, дополнително освојувајќи ги срцата на публиката.

Актерката, исто така, одигра голем број значајни улоги на филм, работејќи со реномирани режисери.

Таа со години беше едно од најбараните имиња кога е во прашање локалната актерска сцена, а покрај тоа што беше многу популарна, не зборуваше често за својот приватен живот. 

Сепак, таа неодамна за медиумите во соседството откри како се борела за живот, како благодарение на тврдоглавоста успеала да ја добие најважната битка - битката за живот.

- Се случува во животот, пристигнуваат проблеми, тежок живот, а тоа те крши - вели таа и открива како се справила со здравствената криза:

- Отпрвин се откажав, а потоа се борев од инает, бидејќи сум роден инаетчија. Лекарите ме отпишаа. Бев многу болна, речиси бев во инвалидска количка две години. Не ме отпишаа за џабе, се чувствував лошо, ме отпишаа затоа што изгледав така. Сепак, најважна е душата и главата. 

Љиљана е позната по својата топлина, харизма и изразена смисла за хумор, која често се пренесува и на нејзините улоги. Тоа е вистински професионалец кој му носи душа на секој лик што го толкува.

Иако отсекогаш била присутна во јавниот живот преку својата работа, а и сега, кога немаме можност да ја видиме во последните филмски продукции, Љиљана е присутна меѓу луѓето преку нејзините улоги.

Љиља во текот на својата кариера доби бројни награди и признанија за својата работа, како на домашни така и на меѓународни фестивали. Нејзините актерски способности и посветеност оставија длабока трага во српската кинематографија и култура.


Фото: Youtube - screenshoot/ Инстаграм