Уште една трансплантација на ахилова тетива од починат донор во земјата: МЕДИЦИНСКИ ПОДВИГ НА КЛИНИКАТА ЗА ОРТОПЕДИЈА

Добивај вести на Viber

На Клиниката за ортопедија во Скопје е извршена успешна трансплантација на ахилова тетива од банка на ткива од починати донори, информираат од Клиниката. Интервенцијата е изведена кај 47-годишна пациентка со стара повреда на ахиловата тетива, а постоперативниот тек се одвива уредно.

„Оваа трансплантација е значаен успех за нашата установа и за медицината во земјата,“ истакна д-р Ерен Сејфула, кој го предводеше тимот заедно со д-р Александар Савевски и д-р Бојан Будиќ. Анестезиолошката поддршка ја обезбеди д-р Лилјана Ангелевска, додека координацијата со банката за ткива ја водеше д-р Милена Богоевска, болнички координатор за ортопедија.

Од Клиниката изразуваат благодарност до сите здравствени работници кои беа вклучени во трансплантацијата, како и до семејствата на донорите, без чија хуманост овој медицински подвиг не би бил можен.

„Трансплантацијата на ткива е важен чекор во унапредувањето на лекувањето на пациентите и отвора нови можности за напредок во ортопедската хирургија,“ додаваат од Клиниката за ортопедија.