Татијана Стефановска ужива во улогата на мајка: Пејачката објави прва фотка од ќеркичката и ги разнежни сите

Добивај вести на Viber

Неодамна се оствари како мајка, а изгледа ужива во улогата . Пејачката Татијана Стефановска на Инстаграм објави прва фотографија од новородената ќерка чие име е Ана.

Во приказни на Инстаграм, фолкерката стави слика со која ги разнежни сите. 

Таа не го покажа ликот на бебенцето туку неговите мали ножиња.


До пред да се породи Татијана не и навестуваше на јавноста воопшто дека ќе има принова во нејзиното семејство.

-Голем си Господе! Благодарни и должни сме ти до века! Ни се роди ќерка. Ана! Господ секаде да дава ваква радост! – објави Стефановска неодамна кога се породи.

Таа е во брак со музичарот Митко Бежановски .

Татијана за Митко велеше дека конечно го нашла човекот на нејзиниот живот, каков што барала отсекогаш, кој ја разбира нејзината работа. Ова е прв брак за фолкерката, а втор за нејзиниот избраник, кој има и син.


Foto: Instagram