Голем си Господе: Пејачката Татијана Стефановска роди ќерка

Татијана и Митко станаа родители. Им се роди ќеркичка.

Убавата вест со обожавателите ја сподели тазе мајката , фолкерката Татијана Стефановска која долго време се бореше да се оствари во улогата на мајка.

Стефановска сподели фотографија, а под истата напиша емотивна посвета.

-Голем си Господе! Благодарни и должни сме ти до века! Ни се роди ќерка. Ана! Господ секаде да дава ваква радост! – објави Стефановска.


Татијана за Митко велеше дека конечно го нашла човекот на нејзиниот живот, каков што барала отсекогаш, кој ја разбира нејзината работа. Ова е прв брак за фолкерката, а втор за нејзиниот избраник, кој има и син.