Ана работи како гола чистачка: Наплаќа 50 евра на час, има специјални клиенти, а вака изгледа нејзината работа
Нејзините пријатели знаеле како заработува Ана за живот, но нејзиното семејство не, а таа вели дека работата како гола чистачка ѝ го променила животот.
Ана (29) во 2018-та година сподели признание кое предизвика лавина коментари, како на порталите, така и на социјалните мрежи. Имено, таа тогаш откри дека почнала да работи како чистачка и тоа значително ѝ го променило животот, а она што ја направило нејзината работа поинаква од онаа на било која друга чистачка е тоа што таа ја работи својата работа гола.
Таа беше дел од „Naturist Cleaners“ кој обезбедува професионални чистачи кои ги посетуваат домовите и канцелариите на клиентите и ги извршуваат домашните работи целосно голи. Ана откри дека заработувала 50 евра за само еден час чистење, објави „Мирор“.
Инаку, оваа компанија е основана од Лора Смит во 2017-та година поради зголемената побарувачка на клиентите за голи чистачи.
- Бев нова во нудизмот. Никогаш претходно не сум го правела тоа, ниту сум била на нудистичка плажа или нешто слично. Тоа го правев само приватно, но не бев нервозна бидејќи ми е совршено удобно да бидам гола. Првиот пат ми беше многу удобно бидејќи се чувствував ослободено. Не знам зошто многу ми се допаѓа, само ме прави да се чувствувам поудобно, изјави Ана.
Она што тогаш најмногу ја исплашило е тоа што не знаела кој ќе ја отвори вратата од својот дом и дали ќе биде безбедна. Беше навистина пријатно искуство и клиентот беше многу дружељубив и комуникативен. Ана работела три до пет дена неделно, заработувала 50 евра на час ако чистела гола и 25 евра ако била облечена додека чистела.
- Сите клиенти што ги имав беа слободни мажи. Тие беа на различни возрасти, од доцните дваесетти до педесеттите. Обично многу професионални, изјави Ана.
Една од главните задачи на „Naturist Cleaners“ е да го промовираат нудизмот како нешто сосема нормално. Тие нагласуваат дека нивната услуга не е и не треба да се третира како секс услуга.
- Носам нормална облека како панталони и маица. Секогаш барам клиентот да потврди дека никој друг не е во домот и дека е сам во домот. Исто така, треба да ми потврдат дека не снимаат, да ми дадат пари однапред и да ми кажат што треба да расчистам. Дури тогаш се соблекувам. Најчесто бришам прашина затоа што куќите не се многу валкани. Обично се речиси чисти, само им треба малку средување, вели таа и додава дека клиентите не барале од неа необични работи.
- Никогаш не бараа од мене да направам нешто чудно, но најчесто разговараат со мене, додаде Ана.
Компанијата била во постојан контакт со неа додека работела, поради што се чувствувала многу заштитена. Ана на сите би им ја препорачала оваа работа бидејќи, како што открила, е многу пријатна и ослободувачка. Клиентите кои ги користеле услугите, исто така, уживаат во искуството, опишувајќи го како пријатно и професионално.
Правилата на компанијата се строги
Тие бараат клиентот да биде сам во домот, никогаш да не се обидува да ја допре чистачката, а доколку клиентот се возбуди во присуство на гола чистачка, тие се обучени како да реагираат и да го смират клиентот. Забрането е контактирање со чистачката надвор од претпријатието, а строго е забрането фотографирање и снимање на чистачката без разлика дали е гола или облечена додека работи.
Извор: stil.kurir.rs